Македонија

Андоновски за Законот за медиуми: Законот не се изгласа и покрај тоа што го имаше потребното мнозинство

Андоновски за Законот за медиуми: Законот не се изгласа и покрај тоа што го имаше потребното мнозинство

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, во првото гостување во новата сезона на „Дејли Клик“ на ТВ21 откри зошто не помина Законот за медиумите предложен од него во Собранието.

„Поради случувањата во Собранието тогаш кога требаше да се гласа, кога пратеници на ВЛЕН ја напуштија седницата, и имаше некои несогласувања во опозицијата. Законот не се изгласа и покрај тоа што го имаше потребното мнозинство. Но, не се изгласа поради немање на Бадентер. Не се спорни измените во Законот за медиумите, нема никакво мешање во ниту една заедница, ниту во новинарите. Јас се надевам дека во следниот период ќе биде изгласан“, рече Андоновски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни