Македонија

Анестезиологот од Тетово заврши во затвор, одреден му е притвор

Анестезиологот од Тетово заврши во затвор, одреден му е притвор

Анестезиологот вработен на Гинекологија во тетовската болница кој во живо на Тик Ток покажуваше пациентки, доби притвор од 8 дена.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово информираат дека истиот е испратен во затвор Шутка. 

Од таму велат дека лицето е осомничено за „несовесно работење во службата“ и „неовластено снимање“.

„На 15.04.2023 година, судија на претходна постапка при Основен суд Тетово на лицето В.Д.(43) од Одри, Тетово му одреди мерка притвор во траење од 8 дена и истиот ќе биде испратен на издржување притвор во Затвор Скопје. Тој е осомничен за „несовесно работење во службата“ и „неовластено снимање“ во тетовската клиничка болница каде работел како анестезиолог. В.Д. го снимал медицинскиот персонал и пациентите на едно од одделенијата и директно го објавил на социјалната мрежа „Тик-Ток“, велат од СВР Тетово.

Инаку, случајот во полиција го пријави директорот на клиниката Пелумб Вела, кој вчера за медиумите истакна дека вработениот е отпуштен од работа.

-Изразувам жалење за синоќешниот случај во тетовската болница. Сакам да ве информирам дека јас како директор го пријавив случајот во полициска станица. Во разговор со министерот, јас и организациониот директор донесовме одлука за престанок на работниот однос на ова лице, бидејќи има повеќе прекршоци во работното време“, изјави Пелумб Вела.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни