Македонија

Aнета Танеска нова в.д. директорка на Конзерваторски центар Скопје

Aнета Танеска нова в.д. директорка на Конзерваторски центар Скопје

Анета Таневска е нова в. д. директорка на Конзерваторски центар Скопје, велат од Министерството за култура за СДК.МК.

Таневска е советник-конзерватор која доаѓа на местото на Константин Димитровски, кого го разреши министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска оти е под истрага за уништување на културно наследство.

Димитровски на 13 декември беше приведен како осомничен за дивјачко уништување на културно наследство во Стара скопска чаршија. Димитровски е во домашен притвор за уривањето на хотелот „Шар ан“ кој со законот е прогласен за културно наследство.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни