Македонија

Ангелов: 25 тони нафта истекле од цистерната – спречена поголема штета

Ангелов: 25 тони нафта истекле од цистерната – спречена поголема штета

Од цистерна што денеска се преврте на регионалниот пат Гевгелија–Богданци истекле околу 25 тони нафта, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Како олеснителна околност, Ангелов посочи дека нафтата се излеала во канал покрај патот, кој веднаш бил затрупан со песок со цел да се спречи понатамошно ширење и поголема штета.

Претходно, Ангелов информираше дека претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртела после што дошло до истекување на нафта и палење на истата. Патот Гевгелија – Богданци беше затворен за сообраќај.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни