Македонија

Ангелов: Чадењето од Дрисла не е причина за утринската магла во Скопје

Ангелов: Чадењето од Дрисла не е причина за утринската магла во Скопје

Во текот на вчерашниот ден дел од просторот на депонијата „Дрисла“, каде што имаше чадење, беше затрупан. Денеска активностите продолжуваат со засилено темпо, откако вчера беа направени неколку логистички подготовки кои овозможија полесен и побрз пристап до критичниот дел, соопшти утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Чадењето од „Дрисла“ и понатаму е присутно, но во значително намален обем и, според Ангелов, тоа не е причина за утринската магла што ја зафати Скопје. Од друга страна, дивата депонија „Вардариште“ е целосно изгасната и од неа повеќе нема чад.

Во врска со прашањата дали воздухот дополнително се загадува од „Дрисла“, од ДЗС упатуваат до Министерството за животна средина и просторно планирање, каде што постои Одделение за мониторинг на квалитетот на воздухот и кое е надлежно да даде официјални информации.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни