Во денешната изјава за медиуми, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов вели „благодарение на дождот што вчера во попладневните часови падна, пожарите се целосно изгаснати“.
-Благодарение на дождот што вчера во попладневните часови падна на повеќе места во државава и притоа ги поклопи без малку сите активни пожари, пожарите се целосно изгаснати. Вчера имавме многу тежок ден во првата половина затоа што имавме неколку ризични пожари, вели Ангелов.