Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов утрово во „Summer Click“ на ТВ21 рече дека партизацијата се одразува во повеќе сфери, а запражан за кадарот во институцијата која управува со кризи рече дека повеќето се залутани и нефункционални.
„Секој регионален центар за управување со кризи има квалитетни луѓе, но факт е дека еден дел од луѓето се залутани, односно барале вработување, за жал партизацијата во државата се одразува во сите сфери. Многу малку функционерите зборуваат за оваа тема, но да во ЦУК би рекол повеќе од половината луѓе се нефункционални“, рече Ангелов во гостување на ТВ21.
Тој рече дека од 300 вработени во ЦУК, многу малку се функционални.
„Партизацијата е сериозно навлезена во сите институции, и за тоа сите одбиваат јавно да зборуваат. Такви луѓе кои апсолутно немаат никаква врска со работата која ја работат, внесуваат повеќе штета од корист. Како некој да се вработи во ЦУК на пример, а нема никаква допирна точка со оваа работа. Во ЦУК имаме вработено 300 лица, но бројката на функционални лица е далеку помал“, изјави Ангелов.