Македонија

Ангелов: Пожарот на Галичица е изгаснат од дождот кој заврна, кај Јасен кон Белица е со намален интензитет

Ангелов: Пожарот на Галичица е изгаснат од дождот кој заврна, кај Јасен кон Белица е со намален интензитет

Денес директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов изјави дека од 1 август до денес во Македонија се регистрирани 660 пожари на отворен простор од кои 98 беа шумски и од кои повеќето се претворија во големи пожари тешки за гаснење.

Овие пожари ги исцрпија нашите сили и капацитети, рече Ангелов.

Тој објави дека пожарот на Галичица денес е изгаснат со помош на дождот кој заврна, додека кај Јасен кон Белица е со намален интензитет и се очекува ако заврне дожд да биде изгаснат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни