Утрово, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, ги испрати пилотите и другиот воздухопловен персонал – дтим за двата ПП авиони ,,ер трактор” од Кипар и им додели сертификати за благодарност.
Тие помогнаа до максимум според можностите и на персоналот и според техничките можности на воздухопловите во справувањето со пожарите од поголеми размери во Македонија.
Притоа искажа голема благодарност за помошта и до нив лично и до нивната држава.