Македонија

Ангелов со унгарскиот амбасадор Андраш Клајн ги посетија пожарникарите

Ангелов со унгарскиот амбасадор  Андраш Клајн ги посетија пожарникарите

Денеска, попладне, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, заедно со Неговата екселенција амбасадорот на Унгарија во Скопје, Андраш Клајн, ја посети унгарската специјализирана противпожарна единица што е сместена во Белица, а дејствуваа од Езерото Козјак, кај викенд населбата Брезница кај манастирот Света Богородица, потоа горе во планинските села, кај с. Брезница, па се до селото Тажево.

Покрај запознавањето со нивното досегашно дејствување во реон на Брезница, Ангелов искажа голема благодарност кон Унгарија и особено кон индивидуалниот придонес на унгарските пожарникари во борбата со огнената стихија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни