Македонија

Ангелов: Сочувство до семејствата кои ги изгубија своите најблиски, нема зборови со кои може да се опише тагата

Ангелов: Сочувство до семејствата кои ги изгубија своите најблиски, нема зборови со кои може да се опише тагата

Во овој момент има доволно крв и нема потреба од дополнителни крводарителски акции за повредените во страотната несреќа во Кочани, вели директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

„Воедно ги имаме сите неопходни материјални средства и немаме потреба од било какви донации.

Има пониди за помош од повеќе држави. Се вршат подготовки за транспорт на тешко повредените лица во врвни болници од оваа област во неколку европски држави.

Немаме зборови со кои може да се опише тагата од оваа ужасна несреќа. Сочувство до семејствата кои ги изгубија своите најблиски“, вели Ангелов.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни