Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, беше во работна посета во целосно реновираните простории на Регионалниот ЦУК Штип.
Вработените го запознаа со нивната досегашна работа и со функционирањето на одделението 112 во Штип.
Истовремено, при средбата со вработените, Ангелов, меѓу другото, ги запозна и со можностите за унапредување на работата во поглед на оперативните работи во делот на СОК, а секако и во делот на Секторот Е-112 во ЦУК.