Македонија

Анонимна пријава: Криминалната група во Грчец предизвикува страв и бара итна реакција

Анонимна пријава: Криминалната група во Грчец предизвикува страв и бара итна реакција

На е-маилот на редакцијата на 4news.mk пристигна анонимна пријава од група загрижени граѓани, кои бараат итни мерки против криминалната група активна во селото Грчец, општина Сарај.

Според дописот, жителите на Сарај со години живеат во страв од група криминалци кои наводно се заштитувани од високи функционери на претходната власт. Во писмото се посочува дека околината на Сарај е претворена во засолниште за криминалци барани со меѓународни потерници, меѓу кои и Бесар Љатифи, осомничен за кривично дело според член 215 од Кривичниот законик. Љатифи, и покрај потерницата, продолжува да извршува криминални активности во Грчец.

Во пријавата се наведува дека по бегството на Шеваљ Муареми, за кого постои меѓународна потерница за организиран криминал и убиство, нов лидер на криминалната група станал Абдулрахим Љатифи. Тој, иако бил во бегство и требал да биде во затвор во Шутка, се движи слободно, што, како што се тврди, е потврдено со објави на социјалните мрежи.

Љатифи е поврзан со серија кривични дела, меѓу кои убиство, трговија со дрога и оружје, грабеж и рекет. Во 2020 година бил уапсен за недозволено поседување и тргување со оружје, а во 2023 година наводно учествувал во грабеж на фабрика за марихуана во Гостивар.

Дописот го поврзува Љатифи и со политичари од Демократската унија за интеграција (ДУИ), посочувајќи дека во ноември минатата година бил забележан во видео објавено од пратеникот Блерим Беџети, кој тогаш бил градоначалник на Сарај.

Групата граѓани бара од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да преземат итни мерки за санкционирање на Љатифи и неговите соработници, со цел да се врати чувството на безбедност во Сарај.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни