Доцна вечерва до нашата редакција пристигна е-маил во кој се наведува дека во иднина ќе бидат нападнати големи системи во Македонија доколку не се преземат чекори за како што велат испраќачите „исправување на лагите“.
„Ќе ги нападне чекор по чекор сите системи како што се : министерствата, нивните пријатели (установи) и поголемите скриени трговски друштва. Доколку не се исполнат условите за сите граѓани ние морамае да превземеме мерки околу лагите да се исправат малку и да се пренасочат бидејќи оваа е прва опомена нема последна ние ќе бидеме тие кои ќе направиме револуција во македонија! Каде што ќе се вратат стандардите на нормално!“, пишува во испратениот е-маил.
Системите на државни институции минатите месеци беа честа мета на напади. Последен голем беше тој на Фондот за здравствено осигурување кога илјадници граѓани останаа без основните потреби.
До денес никој не откри што точно се случи. Претходно беше нападнато и Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, како и Државната изборна комисија.