Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива до Владата за утврдување одговорност на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој и откако инспекторите констатираа неправилности во станицата за техничка контрола „Виа Комерц“, тој не го потпишал извештајот 3 месеци со што дозволил функционирање на оваа станица.
Оваа станица вршела и техничка контрола на автобусот „Беса транс“ со кој се случи катастрофата во Бугарија, каде животот го загубија 45 граѓани, а седуммина беа повредени.
Според Антикорупциска, министерот Спасовски три дена по катастрофата во Бугарија наредил на станицата да и се забрани да работи 30 дена и да ги отстрани откриените неправилности.
Антикорупциска новите докази ќе ги достави до Обвинителството каде веќе има отворен предмет и во тек е судска постапка за овој случај.