Антикорупциската комисија денеска оцени дека министерот за здравство Илир Демири незаконски го разрешил медицинскиот директор на Клиниката за Токсикологија, Данил Петровски.
ДКСК исто така оцени дека незаконски било и склучувањето на договори на дело со 18 лица на кои им престанал работниот однос, затоа што истите не биле потпишани од двајцата директори.
Тогаш реагираа и вработените на Клиниката, кои изразија осуда на тој чин. Здравствените инспектори констатираа дека директорката Иљази незаконски им ги потпишала решенијата на договорите.
Денеска во посета на клиниката беше заменичката министерка за здравство Маја Манолева, која побара од вработените да предложат нов медицински директор.
