Жалбата за укинување на куќниот притвор за Орце Камчев ја одби Апелација. Неговите адвокати бараа ваква одлука повикувајќи се на мислењето на Врховниот суд со кое СЈО не треба да има надлежност за случаи за кои се поминати 18 месеци од преземањето на предметот.
Во случајот „Империја“ кривично се гонат вкупно 13 лица, меѓу кои Сашо Мијалков, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.