Македонија

Апелација ја врати гаранцијата на Катица Јанева, Кривичен повторно ќе одлучува за нејзиниот притвор

Апелациониот суд повторно ќе решава за гаранцијата која ја понуди Катица Јанева за да излезе од притвор од затворот во Шутка, и да биде пуштена на домашен притвор.

Одбраната на екс обвинителката првично понуди имот како гаранција дека нема да избега, но беше одбиено. Одлуката беше обжалена од адвокатите.

Решението е вратено во основниот суд на повторно разгледување, но сега наместо судија на претходна постапка ќе го разгледува Кривичен совет во овој суд бидејќи во меѓувреме за случајот „Рекет“ каде е обвинета Јанева, се поднесе обвинение каде што екс обвинителката се терети на земање на 50.000 евра и мебел во вредност од 5.000 евра.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни