Македонија

Арсовска e во процес на формирање на политичка партија

Арсовска e во процес на формирање на политичка партија

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска моментално е во процес на формирање на партија.

Таа ова го откри во емисија на ТВ21, а на прашањето за тоа дали таа би била лидер на оваа партија, не одговори конкретно, но истакна дека сака на граѓаните да им покаже дека може и подобро.

„Се додека се прават работи за задоволување на индивидуалните потреби на некои од политичарите, на некои од оваа корумпирана политичка елита, кај нас напредок нема да има. И ако можам јас сама, како индивидуалец, да покажам дека може поинаку, верувам дека со сите луѓе што ме поддржуваат, а голема е бројката на тие граѓаните, дека ќе може да покажам повеќе“, вели Арсовска.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни