Македонија

Арсовски: Владата конечно може да се пофали дека се лидери во нешто, лидери на Балканот во корупција

За жал Владата на СДСМ ја направи Република Македонија лидер на Балканот и во Европа во корупција, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Република Македонија и официјално според извештајот на Траспаренси Интернешнл за 2018 година е лидер на Балканот и во Европа во корупција заедно со Косово и Албанија. Република Македонија е најкорумпираната држава на Балканот и го дели 93тото место заедно со Косово. Република Македонија е најкорумпирана држава во Европа.

Замислете пред нас се сите балкански земји, Србија, Хрватска, Бугарија, Грција, Романија, Словенија, Црна Гора, сите.

Но, она што ги загрижува граѓаните на Република Македонија е тоа што со должна почит кон следниве држави што ќе ги набројам, но морам да истакнам дека пред нас подобро се справуваат со корупцијата и се подобри од нас држави од типот на Свазиленд, Лесото, Буркина Фасо, Намибија, Руанда и многу други афрички држави. Пак ќе кажам, со должна почит кон овие афрички држави, но Зоран Заев ја спушти Република Македонија пониско и од нивото на Африка.

За жал со ова гледаме дека Македонија не е само најкорумпирана во Европа, туку е и меѓу најкорумпираните држави во Африка.

А, впрочем како нема да биде најкорумпирана кога оваа Влада на СДСМ ја однесе дома и ја подели на своите најблиски целата држава и сите парите на граѓаните.

отпочне процесот на формирање на техничка Влада и конечно да се случат предвремените парламентарни избори од кои што бега СДСМ, за да биде поразен заедно со СДСМ и испратен во историјата.

Почитувани господа од СДСМ, Не се плашете и распишете избори.

Секако ќе загубите кога и да се случат, дали сега или понатаму ќе изгубите, затоа што народот повеќе не ве сака и нема доверба во вас!!!

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни