Балкан

Атина и денеска останува без јавен превоз поради штрајк

Атина и денеска останува без јавен превоз поради штрајк

Метрото, трамваите, електричната железница, количките и автобусите денеска нема да сообраќаат во грчката престолнина Атина, бидејќи вработените ќе учествуваат во 24-часовниот штрајк што го свика Центарот на атинските синдикати, јави АНА-МПА.

Вработените во јавниот превоз во 12.00 часот ќе организираат протестен собир пред Министерството за финансии.

Штрајкувачите рекоа дека новиот предлог-закон на Министерството за финансии за компаниите за јавни услуги, за кој ќе се гласа денеска во парламентот, практично ја укинува работата со полно работно време и договорите на неопределено време.q

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни