АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа успешно изгаснат, без да постои опасност од ширење кон фабричките објекти или загрозување на безбедноста.

„Во ниту еден момент немаше опасност од ширење на пожарот кон објектите на нашата фабрика во Самоков, ниту пак беше загрозена безбедноста,“ се наведува во соопштението.

АТС АММО упати искрена благодарност до противпожарните единици и сите надлежни институции за нивната професионалност и навремена реакција.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.