Македонија

Ауреску не поддржува раздвојување на Скопје и Тирана

Ауреску не поддржува раздвојување на Скопје и Тирана
Шефот на романската дипломатија Богдан Ауреску денеска порача дека Романија нема да поддржи раздвојување на Македонија и Албанија на патот кон Европската Унија. „Нема разговори за раздвојување на Северна Македонија и Албанија. Не го поддржуваме тоа развојување. Важно е да се најде решение што е можно побрзо да се започнат преговори со двете земји заедно“, рече Ауреску. Ауреску истакна дека Романија е цврст поддржувач на членството на Северна Македонија во ЕУ, и во исто време тесно се работи на многу комплексни прашања.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни