Свет

Авиокомпании ги откажуваат летовите кон Блискиот Исток поради влошената безбедност

Авиокомпании ги откажуваат летовите кон Блискиот Исток поради влошената безбедност

Поради влошувањето на безбедносната состојба во регионот на Блискиот Исток, бројни меѓународни авиокомпании ги откажаа или суспендираа летовите до Израел, Иран, Ирак, Јордан, Либан и Сирија, а некои компании најавија и промени во користењето на воздушниот простор на тие земји.

Грчката компанија „Егеан ерлајнс“ ги откажа сите летови до Тел Авив до утринските часови на 12 јули, како и летовите до Бејрут, Аман и Ербил до 28 јуни, објави „Ројтерс“.

Латвиската компанија „ерБалтик“ ги суспендираше летовите до Тел Авив до 30 септември, додека рускиот „Аерофлот“ ги откажа летовите меѓу Москва и Техеран и најави промени на другите рути во регионот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни