Авиолинија Скопје – Бодрум од следното лето

Нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ од следната година ќе воведе сезонски летови од Бодрум кон Скопје и Сараево, објави порталот „Екс ју авиејшн“.

Летовите кон Скопје ќе започнат на 2 јули и ќе се извршуваат секој четврток, додека кон Сараево ќе започнат на 28 јуни и ќе се реализираат еднаш неделно.

Се вчитува...

Во минатото, „Изиџет“ во соработка со „Анадолуџет“ ги опслужуваше овие рути – кон Скопје од 2022 до 2024 година, а кон Сараево од 2011 до 2014 година.