Мал авион ЦХ-2000, наменето за тренинг на воени пилоти, во понеделникот падна на улица во главниот град на Перу, Лима.
Поради технички проблеми, пилотот морал веднаш да го спушти леталото, и не можел да се врати назад на воениот аеродром.
Тој се заби меѓу паркирани автомобили во миговите кога поминувале луѓе на улицата.
„Пилотот изведе маневр со кој спречи повеќе жртви. Оштетени се два автомобили и две лица се со лесни повреди“, рече полицискиот началник Маро Арата.