Поради технички проблеми авионот кој трбеало да слета во Скопје се вратил во Белград.
Во него имало голем број на гости, кои требало да пристигнат денеска за утрешниот состанокот во рамките на министерскиот состанок на ОБСЕ.
Според првичните информации авионот не слетал во Скопје бидејќи имал технички проблем.
Авионот АТР 72, кој полетал во 13 часот и 25 минути од аеродромот Никола Тесла, кружел над Скопје 20 минути, по што безбедно слетал на аеродромот Никола Тесла во 15:51 часот.
Станува збор за авионо на Ер Србија, а во него имало новинари и делегација од Данска.