Свет

Авион удри во зграда во близина на аеродром: Има жртви!

Авион удри во зграда во близина на аеродром: Има жртви!

Снимени се последните зборови на пилотот.

Две лица загинаа кога авион удри во зграда во близина на меѓународниот аеродром во американската сојузна држава Хаваи.

Локалните власти соопштија дека караванот Цесна 208 удрил во празна владина зграда која била планирана за уривање.

Двете лица кои биле во авионот загинале.

Иако официјалните лица сè уште не го соопштија идентитетот на жртвите, извори блиски до семејството потврдија дека една од жртвите е матурантот Хирам Дефрајс, млад човек на дваесетина години, кој бил на обука.

Снимени се и последните зборови на пилотот, кој на контролната кула и рекол дека изгубил контрола над леталото.

Контролорите на летот ги прашале пилотите дали свртуваат десно, на што пилотите потврдно одговориле со „ах, изгубивме контрола“.

– Ако можете да го израмните авионот, тоа би било добро. Имате слободна секоја писта, секое место каде што можете да слетате, рекоа од контролата, но потоа авионот удри во зградата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни