Авионот кој се урна во Мавровското езеро имал проблеми со моторот – пилотот бил принуден да слета

Две лица се хоспитализирани во болницата во Гостивар по пад на мал спортски авион во Мавровското Езеро, информираа од СВР Тетово.

Според портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, инцидентот бил пријавен денеска околу 12:35 часот во близина на браната „Белички канал“.

Се вчитува...

Од авионот, кој се урнал во водите на езерото, на копното успеале да излезат двајца косовски државјани – пилотот Д.М. (64) и патникот Џ.П. (41). Двамата се здобиле со повреди и се пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар.

Полициски екипи од Полициското одделение Маврово веднаш излегле на терен. Во разговор со полицијата, пилотот изјавил дека бил принуден да слета во езерото поради проблем со моторот на авионот.

Се очекуваат дополнителни информации за причините за несреќата.