Македонија

Авионот од Швајцарија пренасочен кон Софија, не може да слета на скопскиот аеродром!

Авионот од Швајцарија пренасочен кон Софија, не може да слета на скопскиот аеродром!

Авионот на ВизЕр (Airbus A320-232) кој од Базел, Швајцарија требаше да слета на скопскиот аеродром, е пренасочен.

Според веб страницата Flight Radar, тој е пренасочен кон соседна Софија, Бугарија.

Претходно, од ТАВ Македонија истакнаа дека авиолинијата Скопје – Истанбул утрово ќе се реализира со задоцнување односно авионот на „Пегазус“ што требаше да слета во Скопје во 9.55 часот, е одложен за 12.05, а пролонгирано е и неговото враќање за Истанбул од 10.50 во 13.00 часот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни