Македонија

АВМУ доделува 1,5 милиони денари помош за настраданите во пожарот во Кочани

АВМУ доделува 1,5 милиони денари помош за настраданите во пожарот во Кочани

Во врска со трагичниот пожар во Кочани, на денешната седница, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, донесе одлука за доделување на финансиска помош – донација во вкупен износ од 1.500.000,00 (еден милион и петстотини
илјади) денари, велат од АВМУ во соопштение.

Донацијата се издвојува од финансиските средства на Агенцијата за 2025 година, а ќе се спроведе преку Црвениот крст на Република Македонија, на посебна наменска сметка – Фонд за солидарност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни