Македонија

АВМУ ги продолжи дозволите на трговските радиодифузни друштва чијашто важност истекува заклучно со 31 декември 2024 година

АВМУ ги продолжи дозволите на трговските радиодифузни друштва  чијашто важност истекува заклучно со 31 декември 2024 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ве известува дека во моментов, во Собраниска процедура е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Согласно предложените измени,  „Дозволите за телевизиско или радио емитување на трговските радиодифузни друштва и на непрофитните радиодифузни установи, чијашто важност од 9 години истекува заклучно со 31 декември 2024 година, се продолжуваат за период од дополнителни три години од денот на истекот на дозволата“.

Имајќи го предвид наведеното, ве молиме да не доставувате барања за продолжување на дозволите. За постапката за продолжување на дозволите, Агенцијата ќе ве извести откако ќе бидат усвоени споменатите законски измени.

Во меѓувреме, само радиодифузерите кои одлучиле да се откажат од дозволата за радио или ТВ емитување, за истото треба да ја известат Агенцијата или во писмена форма до архивата на Агенцијата или на е-адресата contact@avmu.mk.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни