Македонија

АВМУ со апел: Почит кон семејствата, без сензационализам во известувањето

АВМУ со апел: Почит кон семејствата, без сензационализам во известувањето

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги уште еднаш ги
повикува медиумите да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди при информирањето за погребите на жртвите во трагичниот пожар во Кочани.

При пренесувањето на информациите, вклучително и преку социјалните мрежи, задолжително треба да се почитува личната болка и жалост на семејствата, роднините и најблиските на загинатите и да им се дозволи достоинствено да се збогуваат со саканите. Медиумите не треба да објавуваат фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и треба да ги почитуваат приватните моменти за дополнително да не ја зголемуваат болката на ужалените, велат од АВМУ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни