Автопатот Кичево–Охрид се очекува да биде готов до крајот на годината

Обезбедени се дополнителни 175 милиони евра за завршување на автопатот Кичево–Охрид, информираше министерот за транспорт Александар Николоски. Тој истакна дека, и покрај дилемите за прекин на проектот, одлучено е работите да продолжат за да се избегнат нови одложувања, со цел автопатот да биде завршен до крајот на годината.

Николоски додаде дека напредува и изградбата на автопатот Прилеп–Битола, каде првите километри се очекува да бидат пуштени следната пролет, а целосното завршување е планирано до 2029 година, со можност и пред рокот.

Во однос на железничката пруга кон Грција, тој посочи дека засега нема обезбедено средства и не се планирани активности во скоро време.