Македонија

Бабовски од АХВ: Нема тешки метали во овошјето и зеленчукот, некој помешал микро и милиграм

Бабовски од АХВ: Нема тешки метали во овошјето и зеленчукот, некој помешал микро и милиграм

„Ширење на лажна паника е кривично дело, сите овие резултати кои се однесуваа на присуство на тешки метали во овошјето и зеленчукот, се негативни“, откри директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

– Не знам која беше целта да се шират лажни вести со негативни резултати, некој помешал микро и милиграм. Сите се во рамките на дозволените количини – додаде тој.

Бабовски истакна дека ширење лажна паника и тревога е кривично дело, а дали АХВ за тоа ќе поднесе пријава, ќе се знае, потенцира, наредните денови.

-Негативни се сите резултати за наводни резидуми од метали или присуство на тешки метали во овошјето и зеленчукот. Не знам која беше целта да се шири паника меѓу граѓаните. Изгледа некој некого излажал или некој помешал микро и милиграми, рече Бабовски, одговорајќи на новинарски прашања во врска со обвинувањата на опозицијата.

Пред два дена Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил сподели информација според која олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и краставица. Тоа, како што наведе Трипуновски, го покажуваат најновите извештаи за анализи направени од Државната фитосанитарна лабораторија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни