Македонија

Бабовски: Поради грешки на операторите се наоѓаат производи со поминат рок

Бабовски: Поради грешки на операторите се наоѓаат производи со поминат рок

Јадеме безбедна и квалитетна храна. Се што е во промет и инспекциски контролирано, е апсолутно сигурно, тврди директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски. Како што вели тој, во првите пет месеци од годинава се спроведени преку 22 000 инспекциски контроли.

„Инспекторите, засега околу 180, совесно ја вршат работата, а сите мерки во однос на безбедноста на храната што важат во ЕУ, се применуваат и кај нас. Се случува некои од земјите во ЕУ да ни вратат извезена храна и во вакви случаи грешката е најчесто во примарното производство, на нива, каде што се употребуваат одредени пестициди“, рече Бабовски.

Бабовски воедно вели дека на Агенцијата и недостигаат уште најмалку 40-на инспектори и институцијата од новата влада ќе побара нови вработувања за инспекциската служба. Тој апелира граѓаните при купување на кој било производ добро да се информираат што стои на декларациите, посебно да внимаваат на начинот на чување и складирање, како и на рокот на употреба. Често поради одредени грешки на економските оператори може да се најде на рафтовите во маркетите производ со истечен рок.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни