Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Свет

Бајден: Кина ги тестира САД и нивните сојузници во индо-пацифичкиот регион

Бајден: Кина ги тестира САД и нивните сојузници во индо-пацифичкиот регион

Американскиот претседател Џозеф Бајден беше фатен како вели за време на самитот на лидерите на четворката (САД, Индија, Јапонија и Австралија) дека Кина ги „тестира“ САД и нивните сојузници во индо-пацифичкиот регион, пишува Блумберг.

Агенцијата наведува дека лидерите на четворката – Бајден и премиерите на Индија Нарендра Моди, Јапонија Фумио Кишида и Австралија Ентони Албанезе, вчерашната средба во Делавер ја започнале со топли зборови за своите колеги и без експлицитно спомнување на регионалниот ривал и дека кога новинарите беа изведени од салата, се свртеа кон нивната прва тема – Кина.

„Мислиме дека Си Џинпинг сака да се фокусира на домашните економски предизвици и да ги минимизира турбуленциите во Кина“, им рече Бајден на лидерите на неговиот кинески колега во воведните зборови, чиј дел беше емитуван на официјалниот аудио извор, очигледно по грешка.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни