Американскиот претседател Џо Бајден го осуди смртоносниот напад во Магдебург како „ужасен“ и „одвратен“. „САД изразуваат најдлабоко сочувство до германскиот народ кој тагува по ужасниот напад“, рече Бајден.
Ниту една заедница или семејство „не треба да трпи таков страшен и тажен настан, особено само неколку дена пред празникот на радоста и мирот“.
Реагираа и други политичари ширум светот:
„Не треба да се дозволи никаде да преовладува насилството“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на сервисот за кратки пораки Кс. „Ние стоиме со луѓето од Магдебург и сите Германци на овој мрачен ден. Останете силни, драги германски пријатели.
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар изрази сочувство до сите погодени. „Израел стои на страната на германскиот народ во жалост и ја нуди сета потребна помош“.
Авторитарниот премиер на Унгарија Виктор Орбан го искористи нападот уште еднаш да ја критикува европската миграциска политика. Орбан рече дека таквите дела се случиле само „од бегалската криза“ во 2015 година. „Постои поврзаност таму. Некои се обидуваат да го негираат тоа“.
Да потсетиме, вчера во 19:04 часот се случи терористички напад на божиќниот пазар во Магдебург, Германија.
Нападот бил извршен од возило кое со полна брзина удрило во толпа луѓе. Загинаа пет лица, меѓу кои и едно дете (9).