Балкан

Балканот спие на злато: Еве во која држава се пронајдени големи количини!

Балканот спие на злато: Еве во која држава се пронајдени големи количини!

Во областа на малата општина Језеро во централниот дел на Босна и Херцеговина, откриени се значителни резерви на злато при истражувањето на работниците на Lykos Balkan Metals.

На локацијата Зекилова Коса е откриено злато, а последните анализи направени во лабораториите потврдиле постоење на поголеми количества злато кое во некои делови содржи и до 4,89 грама злато на тон.

Тие истраги, кои траат неколку месеци, опфатија површина од 1,2 квадратни километри. Во поглед на откривањето на златни наоѓалишта, се најавува проширување на истражувањата во северозападниот дел на тој локалитет.

„Понатамошното следење на овие одлични резултати без сомнение е оправдано и очекуваме што поскоро да добиеме согласност од локалната самоуправа за продолжување на геолошките истражувања“, изјави извршниот директор на Лајкос Балкан Металс Младен Лујиќ.

Воедно изјави дека оваа компанија при истражувањето посветува посебно внимание на зачувувањето на животната средина. Оваа општина се наоѓа недалеку од Јајце во централниот дел на БиХ, на меѓуентитетската граница на Федерацијата БиХ и Република Српска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни