Македонија

Банкротираше Nехt.е.Gо фирмата која требаше да произведува автомобили во Тетово

Банкротираше Nехt.е.Gо фирмата која требаше да произведува автомобили во Тетово

Фабриката која требаше да произведува автомобили во Тетово поднесе барање за стечај, дознава 4NEWS.mk

Според информациите на германското издание WirtschaftsWoche, германскиот производител на електрични возила Next.e.Go Mobile SE поднесе барање за стечај. Компанијата сакаше да изгради фабрика во Ловеч, Бугарија, а потоа и во Тетово, Македонија.

Ветувањата беа големи: Next.e.Go Mobile сакаше да изгради три нови микрофабрики во Европа и САД за да го прошири производството на своите евтини, мали електрични автомобили за градскиот сообраќај. Шефот на компанијата го објави ова непосредно пред јавната понуда на акции во Њујорк пред само пет месеци, но плановите пропаднаа.

Според информациите на WirtschaftsWoche, централната подружница Next.e.Go Mobile SE поднесе барање за стечај. Окружниот суд во Ахен го назначи адвокатот Клаус-Петер Крут, партнер во адвокатската фирма за реструктуирање AndresPartner, за привремен примател.

Компанијата соопшти дека одлуката да поднесе барање за стечај е донесена „наспроти неодамнешните негативни случувања и предизвици“ во индустријата за електрични автомобили и „нестабилноста на пазарите на капитал“.

На 13 август 2022 година, целата Влада на ДУИ и СДСМ организираа големи демонстрации за почеток на изградбата на фабриката за електрични автомобили, со тоа што во 2024 година треба да бидат готови првите електрични автомобили во режија на Тетово. Димитар Ковачевски вели дека ќе се отворат 890 добро платени работни места.

Во текот на цел период наместо фабрики иимше ливади кои не се ни косени. Истата компанија требаше да гради фабрика и во соседна Бугарија.

Минатата недела од ТИРЗ информираа дека се раскинува договорот за државна помош, додавајќи дека досега нема исплати кон компанијата.

“Запирањето на доделувањето на државна помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за несолвентност на компанијата „мајка“ во СР Германија. Барањето е поднесено пред надлежните судови во оваа земја. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата ги активира заштитните механизми во потпишаниот договор, кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување на државна помош“, информираа од ТИРЗ потенцирајќи дека и покрај доставените барања од страна на инвеститорот, досега не се доделени никакви средства на компанијата.

Ова е втор пат оваа фирма во нејзината кратка историја да започнува постапка за несолвентност, откако веќе еднаш прогласи банкрот во 2020 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни