Од СЦ „Борис Трајковски” денеска јавуваат важно известување.
Како што велат прекинува со работа базенот поради голем дефект.
„Поради голем дефект во машинскиот дел на базенот, истиот престанува со работа денеска во 18 часот, сѐ до отстранување на дефектот во наредните неколку денови, сѐ со цел да ги заштитиме сите посетители и да избегнеме несакани ситуации. Активно работиме на решавање проблемот и веруваме во брзо отстранување на истиот. Ве замолуваме за разбирање и однапред ви благодариме“, велат од таму.