Македонија

Базенот во СЦ „Борис Трајковски“ повторно отворен за посетители

Базенот во СЦ „Борис Трајковски“ повторно отворен за посетители

Базенот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ денес, 27 декември 2024 година, повторно започна со работа, откако беше отстранет дефектот во машинскиот дел.

Од Центарот ја информираат јавноста дека проблемот е успешно решен и базенот е подготвен да ги прими посетителите. Тие изразија благодарност до сите корисници за разбирањето и трпението за време на прекинот.

Со ова, сите спортски активности во рамките на СЦ „Борис Трајковски“ продолжуваат со нормално функционирање.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни