Македонија

Беќаровски со совети за детоксикација по вдишување на отровни гасови: „Природен протокол за сите кои беа во Кочани“

Беќаровски со совети за детоксикација по вдишување на отровни гасови: „Природен протокол за сите кои беа во Кочани“

По случувањата во таканаречената „хорор ќелија“ во Кочани, каде, според информациите, имало околу 650 млади луѓе изложени на чад и отровни гасови, токсикологот д-р Нико Беќаровски објави практични совети за природна детоксикација на организмот.

„За сите кои не завршија во болница, еве еден комплетно природен протокол за детоксикација од штетните гасови,“ напиша Беќаровски на социјалните мрежи.

Препораките вклучуваат:

  • Секојдневен внес на 2 до 3 литри вода
  • Денот да започнува со чаша топла вода со 1/2 лимон
  • Еден зелен чај и еден чај од ѓумбир и куркума во текот на денот
  • Барем едно јаболко дневно, како и често консумирање на брокула, зелка, карфиол и шумски овошја
  • Ручек базиран на леќа, овес, интегрален ориз и печурки – по можност реиши
  • Секојдневно 10-минутно туширање со топла и ладна вода наизменично, или сауна
  • Интермитентен пост во режим 8/16

Според Беќаровски, овој режим треба да се спроведува од 15 до 30 дена, во зависност од степенот на изложеност на гасови.

„Ако сето ова ви делува комплицирано, алтернативата е едноставна – двапати дневно во период од 15 до 30 дена да се земаат капсули G-132+Natural и да се внесуваат 2-3 литри течности,“ додава тој.

Докторот исто така нагласува дека истиот протокол е препорачан и за пушачите – како редовна пракса на секои три месеци, но и за сите кои живеат во котлини со високо загадување.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни