„Не се 9 милиони, туку сума од над 50 милиони евра во рамки на планот за економски развој. Ние како Министерство за економија предложивме измена и дополнување на Законот за финансиска поддршка. Ги спроведуваме првите столбови за финансиска поддршка и странските и домашните инвестиции за очекуваниот раст… и 9 милиони евра наменети за финансиска поддршка за мали и средни претпријатија. Ова не е единствената мерка. На владината седница поминаа и договорите преку Агенцијата за привлекување на странски инвестиции со над 120 домашни компании кои минатата година оствариле капитални инвестиции за зголемување на продуктивноста и нивното производство, и кои преземале мерки за покачување на платите на вработените. Деновиве се очекува да се потпишат договори со овие 120 компании, кои според Планот кој го доставиле до Агенцијата ќе вработат 4.500 млади. Како Влада усвоивме и нов договор со нов инвеститор во слободната економска зона во Тетово- “Глес флекс” кој ќе инвестира околу 5 милиони евра во слободната зона во Тетово“, изјави Министерот Бектеши во емисијта 10 минути на ТВ21.