Македонија

Бектеши очекува дополнително поевтинување на струјата од 1 јули

Бектеши очекува дополнително поевтинување на струјата од 1 јули

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска информира дека не се очекува поскапување на цената на струјата од 1-ви јули годинава, за кога е предвидено да се соопшти нова цена.

-Ние сме во координација и со РКЕ која е надлежна за цените на електрична енергија. Веќе се прават одредени анализи и се анализираат до детали одредени опции и со факултетите и со експерти за да се менува начинот на утврдување на цената на електрична енергија.

Согласно капацитетите што ќе ги имаме во мај и јуни и јас сум убеден дека сите одлуки ќе бидат донесени во насоки да се зачува животниот стандард на граѓаните и да се поддржат малите и средни компании.

Од 1-ви јули не очекуваме да има зголемување на цената на струја. Очекуваме да има дополнително намалување како што направивме од 1-ви јануари согласно производството на ЕСМ, како и движењето на цените на берзите, рече Бектеши денеска на заедничкиот брифинг со првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни