Македонија

Бектеши останува во притвор, Илијев и Димитровски во куќен притвор

Бектеши останува во притвор, Илијев и Димитровски во куќен притвор

Апелациониот суд во Штип ги одби како неосновани жалбите на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и ексградоначалниците на Кочани, Николчо Илијев и Ратко Димитровски, со што Бектеши останува во притвор, а Илијев и Димитровски во куќен притвор. Тројцата се осомничени во истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 61 лице.

Во притвор останува и поранешната државна секретарка во Министерството за економија,  Размена Чекиќ Дуровиќ која ставила потпис на втората лиценца за вршење на угостителска дејност на дискотетката. Судот постапуваше по 8 жалби од кои само една прифатена каде мерката од куќен притвор се приначува со мерки на претпазливост за еден од осомничените, инспектор во Државниот пазарен инспекторат од Виница.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни