Бектеши по најавата за лимитирање на цените: Сите трошоци за почеток на школската година се направени, анализи не се носат преку ден!

Пратеникот Крешник Бектеши денеска на својот Фејсбук профил реагира за најавата на премиерот Христијан Мицкоски за лимитирање на цените на производите.

Како што вели сите трошоци за почеток на школската година се направени

„Пред една недела, НЕМА да ги ОГРАНИЧИМЕ ЦЕНИТЕ. Денеска, ДА ќе ги ограничиме цените за школски прибор! Вака, прво речиси сите трошоци за почеток на школската година се направени. Второ, анализите не се праваат преку ден, има илјадици тарифни броеви што треба да се анализираaт. И трето најважно, советниците на премиерот немаат врска од економија и трговија, за толку краток рок може да се донесе одлука само за МАРЖИТЕ а не и за ограничување на цени“, вели Бектеши.