Честитки до Новак Ѓоковиќ за освојувањето на Ролан Гарос и 23. Грен слем титула во кариерата стигнаа и од Белградската кула.
„Додека звуците на „Божјата правда“ денеска се пробиваа низ Булоњската шума, а српската тробојка се вееше над трибините на стадионот „Филип Шатрије“, од Белградската кула, новиот симбол на нашиот главен град, вечерва спектакуларна честитка беше испратена до Новак Ѓоковиќ, кој го освои „Купот на мускетари“ во Париз, се искачи на самиот врв на тенискиот Олимп и со тоа официјално ги отстрани сите сомнежи за тоа кој е навистина најдобриот тенисер на сите времиња“, изјавија од Белград на вода.
Од понеделник, 12 јуни, Ѓоковиќ повторно е тенисер број еден во светот со 7.595 поени, пред Карлос Алкараз кој има 7.175 поени.
Во финалето на Ролан Гарос, Ѓоковиќ го победи Каспер Рудо во три сета и по три часа и 13 минути игра.
