Македонија

Бензините поскапуваат за денар и пол

Бензините поскапуваат за денар и пол

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42% во однос на одлуката од 22.1.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,226%, кај дизелот за 3,056%, кај екстра лесното масло за 2,590%  и кај мазутот намалувањето е за 1,212%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,248%

Од 30.1.2024 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95     79,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98     81,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)     76,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)     76,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС         41,439 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,293 ден/кг и сега ќе изнесува 41,439 ден/кг. 

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.1.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни