Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок рече дека Македонија ќе мора да ги вметне Бугарите во уставот, за да ги почне преговорите со ЕУ.
Според неа, не постои никаква неправда, туку тоа е почитување на правилата на ЕУ, и покрај тоа што, како што рече, и самата таа се залага за укинување на принципот за едногласност во ЕУ.
„Правилата се такви во ЕУ, се одлучува едногласно. Нема никаква неправда. Не се согласуваме со нашите европски партнери во се, но правилата се тие. Сè додека правилата не се сменат, Северна Македонија ќе мора да ги вметне Бугарите во уставот за да ги почне пристапните преговори со ЕУ“, рече Бербок, која на Муцунски му кажа дека вметнувањето на бугарското малцинство во уставот е последната пречка за отворање на првиот преговарачки кластер со ЕУ.